Како што се наближува пролетта, ова издание на ВОИСЕС е преплавено од теми полни со светлина, љубов и прашања. Темата на месецот ќе ве однесе длабоко во светот на тетоважите, можеби и толку длабоко што ќе направите една на својата кожа! И една од најважните работи во животот, љубовта. Може ли некој да ја објасни? Некој дефинитивно може да биде P.R.O.U.D. на неа, како што можете да го дознаете тоа со читањето на статијата ЕРАЗМУС+. Исто така, можете да најдете и приказна за љубовта кон фотографијата во нејзината најчиста форма. И не заборавајте ја важноста да се сакате и почитувате самите себе си.
Нашите нови волонтери ќе ви кажат како да оставите прв впечаток и зошто е важно додека ве охрабруваат да патувате низ светот и преку седумте мориња, преку споделување искуства за чекорење на непозната територија. Прочитајте интересни сознанија од ЕРАЗМУС + уводниот (kick-off) состанок што се одржа во Скопје, Македонија.
И ако Сонцето сè уште не е доволно високо, осветлете си го денот со читање на некои цитати што сме ги одбрале, за да ви дадат инспирација и топлина за душата додека чекате да пристигне пролетта. Во меѓувреме, ако немате што да правите, разбудете ја вашата креативност, седнете пред компјутер и напишете статија за следното издание на ВОИСЕС!