You are currently viewing НОВОСТИ во ВЦС

НОВОСТИ во ВЦС

Младинската размена „Кажи ДА за рурален развој“ ЗАПОЧНУВА Младинската размена „Кажи ДА за рурален развој“, на која домаќин е Волонтерскиот Центар Скопје, почнува на 3 јуни во планинското село Брајчино кое се наоѓа во близина на Преспанско Езеро. За време на младинската размена, учесниците кои доаѓаат од Словенија, Полска, Србија и Македонија ќе учествуваат во дискусии, интерактивни предавања и симулации и преку нив ќе се запознаат повеќе за еколошките прашања како заштита на природата, со користење на алтернативни извори на енергија и згора на тоа ќе ги откријат можностите што ги нуди еко-туризмот. Покрај тоа, тие ќе бидат и директно вклучени во активности кои ќе ги поврзат со локалната заедница и да придонесат за локален развој и градење на туристички патеки или акции за чистење… “Овој проект е финансиран со поддршка од Европската комисија. Оваа комуникација ги одразува ставовите само на авторот и Комисијата не може да се смета за одговорна за било каква употреба што може да се направи на информациите содржани во нив. ”     … Волонтерски Центар Скопје со задоволство објавува дека следните проекти се одобрени од страна на EACEA: тренинг курс: „Премостување на Поделени заедници“, младинска размена „Gamestorming“ и ЕВС проектот „ВОИСЕС“. Со задоволство ги очекуваме новиот волонтер од Латвија и учесниците од различни земји ширум Европа. За повеќе информации за проектот следете ја нашата веб страница.