Моето име е Хилал, што значи „месечина што сјае на небото“. Имам 25 години и јас сум дипломиран психолог. Уживам во откривање на различни култури, но и во уметноста и спортот. Особено сакам да играм тенис и одбојка, но сакам и да танцувам.
Со радост ги прифаќам сите бои што ми ги нуди животот. Приказните кои ги пишувам ги комбинирам со моите синестетички слики. Да се биде продуктивен и да се презентира она што сум го открила – за мене е истовремено и вредно и пријатно. Сакам да научам како да организирам сесии за арт-терапија, работилници и истражувачки проекти. Како психолог, сум била во различни улоги.
Во Турција активно сум вклучена во волонтерска работа, каде што дејствувам како лидер на волонтери, координатор и истражувач.
Хилал
Организација-испраќач: Buruciye Youth and Education Association
