Волонтерски Центар Скопје бара волонтери (18–30 години) од Македонија за учество на долгорочен ЕСК-проект под наслов “Binario Solidale” во Италија.
Место: Калвизано (Бреша), Италија
Датум: јануари 2027 – декември 2027
За проектот:
„Бинарио Солидале“ (Binario Solidale) промовира социјална инклузија, одржливост и активно ангажирање во заедницата, во рурален контекст, со силен фокус на образовни и креативни активности за деца и млади. Волонтерите ќе поддржуваат активности во училишта, игри на отворено, креативни работилници и неформално учење, во рамките на организацијата и во локалните училишта. Тие исто така ќе придонесат во организирање на меѓукултурни иницијативи (како што се работилници, вечери на игри, вечери на филмови и собири во заедницата) и ќе поддржат комуникациски активности, вклучувајќи ги социјалните медиуми, видео монтажа и промотивни материјали.
Повеќе информации: INFOPACK
Партнер на проектот: CSV Brescia| Circolo ACLI Calvisano APS
Технички детали:
Проектот е финансиран од ЕРАЗМУС +, така што сите патни трошоци (до 309 евра) ќе бидат надоместени според прописите на ЕРАЗМУС +. Сместување, осигурување, месечен џепарлак и храната се обезбедени.
Како да се пријавите?
- Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
- Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.
- Доколку наидете на какви било тешкотии при пополнувањето на формуларот, ве молиме контактирајте нè на: vcs_contact@yahoo.com
Краен рок за аплицирање: 31.10.2026
Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.
