You are currently viewing Повик за волонтери во Полска!

Повик за волонтери во Полска!

Волонтерски Центар Скопје бара волонтери (18-30 години) од Македонија за учество на долгорочен ЕСК-проект под наслов: “Together we care” во Полска.

Место: Гдањск, Полска
Датум: јануари – декември 2027 (до 12 месеци)

Повеќе за проектот:
Во овој волонтерски проект ќе бидете вклучени во работата на Клубот за повозрасни лица, каде што ќе им давате поддршка во нивното секојдневие и ќе придонесувате за збогатување на секојдневните искуства. Вашите активности може да вклучуваат дружење, игри, разговори, културна размена и креативни работилници. Исто така, може да помагате во организирањето групни активности, излети и презентации за вашата земја.

За повеќе информации: ИНФОПАКОТ 

Организација-домаќин: Caritas of the Archdiocese of Gdańsk

Технички детали:
Проектот е финансиран од Еразмус+, така што сите патни трошоци ќе бидат надоместени според прописите на Еразмус+. Сместување, осигурување, месечен џепарлак и храната се обезбедени.

Како да аплицирате?

  1. Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
  2. Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.
  3. Доколку наидете на какви било тешкотии при пополнувањето на формуларот, ве молиме контактирајте нè на: vcs_contact@yahoo.com

Краен рок за аплицирање: 27.09.2026

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.