You are currently viewing Повик за волонтер во Хрватска!

Повик за волонтер во Хрватска!

Волонтерски Центар Скопје бара волонтер (18–30 години) од Македонија за учество на долгорочен ЕСК-проект под наслов „Volunteer in Split“ во Хрватска.

Место: Сплит, Хрватска
Период: октомври 2026 – јуни 2027 (8 месеци)

За проектот:
Волонтерите ќе ги поддржуваат активностите во „Центар Златно доба“, установа за социјализација на постари лица, помагајќи во создавањето можности за социјална интеракција и значајно учество. Тие, исто така, ќе учествуваат и ќе организираат активности со Волонтерски Центар Сплит, охрабрувајќи ги младите луѓе активно да се вклучат во нивната заедница и подигнувајќи ја свеста за волонтирање, солидарност, меѓукултурно разбирање и сродни теми.

Повеќе информацииТУКА

Проектен партнер: ASSOCIATION “MI” – SPLIT

Технички детали:
Проектот е финансиран од „Еразмус+“, така што сите патни трошоци ќе бидат покриени во согласност со прописите на програмата. Сместувањето, храната и џепарлак се обезбедени.

Како да аплицирате?

  1. Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
  2. Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.
  3. Доколку наидете на какви било тешкотии при пополнувањето на формуларот, ве молиме контактирајте нè на: vcs_contact@yahoo.com

Краен рок за аплицирање: 06.09.2026

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.