You are currently viewing Повик за волонтери во Литванија!

Повик за волонтери во Литванија!

Волонтерски Центар Скопје бара волонтери (18–30 години) од Македонија за учество на долгорочен ЕСК-проект под наслов „Volunteering in Waldorf Open School“ во Литванија.

Место: Вилниус, Литванија
Период: 1.10.2026-1.10.2027 (12 месеци)

За проектот:
Отвореното училиште Валдорф е невладино училиште создадено од родители и наставници и засновано на валдорфската педагогија. Главната цел на училиштето е да развива креативни, отворени и самоуверени личности.

Проектен партнер: Saltes

Технички детали:
Проектот е финансиран од „Еразмус+“, така што сите патни трошоци ќе бидат покриени во согласност со прописите на програмата. Сместувањето и храната, како и часовите по јазик се обезбедени.

How to apply?

  1. Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
  2. Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.
  3. Аплицирајте на младинскиот портал: https://youth.europa.eu/solidarity/opportunity/18158_en
  4. Доколку наидете на какви било тешкотии при пополнувањето на формуларот, ве молиме контактирајте нè на: vcs_contact@yahoo.com

Краен рок за аплицирање: 24.08.2026

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.