Волонтерски Центар Скопје бара волонтери (18-30 години) од Македонија за учество на тимски волонтерски проект „Archaeology Camp 2026“ во Унгарија.
Место: Нагиважони, Унгарија
Датум: 21.08.2026 – 13.09.2026
За проектот:
Волонтерите ќе учествуваат во археолошки ископувања, помагајќи во откривањето на историјата на Нагиважони и продлабочувањето на разбирањето за ерата на Пал Кинижи, познатиот генерал на Црната армија на кралот Матија.
Учесниците ќе работат на локацијата на поранешна средновековна населба, спроведувајќи низа активности за ископување, вклучувајќи копање, чистење и документирање на археолошки остатоци, фотографирање и користење детектори за метал за лоцирање на артефакти.
За повеќе информации: ТУКА
Партнер на проектот: Fekete Sereg Nagyvázsony
Технички детали: Проектот е финансиран од Еразмус+, така што сите патни трошоци (до 309 евра) ќе бидат надоместени според прописите на Еразмус+. Сместување, осигурување, месечен џепарлак и храната се обезбедени.
Како да се пријавите?
- Пополнете го формуларот за апликацијана англиски јазик —> Формулар за апликација
- Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.
- Доколку наидете на какви било тешкотии при пополнувањето на формуларот, ве молиме контактирајте нè на: vcs_contact@yahoo.com
Краен рок за аплицирање: 18.06.2026
Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.
