You are currently viewing Годишен извештај 2025

Годишен извештај 2025

2025 година… Каква година! Волонтерски Центар Скопјe беше дел од редовни активности и настани на кои секогаш со задоволство се приклучувавме (Ви благодариме што нè поканивте!). Организиравме толку многу работилници, настани и акции што не можеме да ги изброиме на прстите од сите членови на нашиот тим. Ги испраќавме нашите волонтери во странство, бевме домаќини на млади луѓе од повеќе европски земји и се чувствуваме како да сме станале не уште една година постари туку помлади, благодарение на целата младинска енергија што ја примивме. Како еден од најважните моменти од оваа година, дефинитивно можеме да го наведеме најголемиот спортски настан досега организиран во Скопјe – Европскиот Младински Олимписки Фестивал.

Поминавме уште една година со полни раце работа, но и со исполнети срца.

Ви благодариме на сите што бевте со нас! Навратете се во 2025 година со нас и видете како ни помина.