Здраво и добредојдовте во ноемвриското издание на „ВОИСЕС“,
Овој месец, за жал ќе се збогуваме со двајца долгорочни волонтери во ВЦС.
Јас сум Касандра, исто така долгорочна волонтерка, и гледањето како волонтерите си заминуваат е секогаш горчливо-слатко, особено Тери и Клои, последните од времето кога првпат дојдов тука.
Во овој едиторијал, тие ги споделуваат своите последни мисли и размислувања и ни нудат значајни лекции од нивните патувања овде.
Тери: Не очекував дека Македонија и Македонците ќе ме пречекаат вака, и никогаш не можам доволно да им се заблагодарам за тоа. Најдов нов дом, ново семејство и ќе се сетам на секоја личност што ја запознав оваа година, без разлика дали беа локални жители, Турци, Шпанци, па дури и Французи. И секој пат кога ќе се вратам во Македонија, ќе кажам „I’m coming back home“.
Клои: Никогаш не очекував да сретнам толку многу луѓе од различно потекло само за една година. Од другите волонтери до луѓе кои присуствуваа на настаните, а потоа ми стануваа блиски пријатели или дури се среќават пријатели на пријатели; а потоа и со нив се станува пријател. Создадов толку многу спомени тука, а тоа е во голема мера благодарение на нив. Веќе едвај чекам повторно да ги сретнам во моите идни посети тука, за да продолжиме да споделуваме нови моменти заедно!
Се надеваме дека ќе ги цените нашите последни мисли во „ВОИСЕС“ и дека тоа ќе ве охрабри да ја посетите Македонија за да разберете од каде ја црпиме нашата инспирација за пишување.
Касандра, Тери и Клои
