You are currently viewing ВОИСЕС август 2025

ВОИСЕС август 2025

Секако бев свесен дека Европскиот Младински Олимписки Фестивал (EYOF), што се одржа во Скопјe од 20 до 26 јули, ќе ме научи нешто како олимписки волонтер, но, настанот ги надмина моите очекувања. Целата недела ја поминав во салата каде што се одржуваа натпреварите во теквондо, што ми овозможи да видам свет за кој претходно не знаев дека постои. Од прва рака бев сведок на возбудата, страста и емоциите што ги доживеаа натпреварувачите. И не само тоа – научив и како се бројат поените и како еден натпреварувач може да доминира над друг во овој прекрасен спорт… спорт што никогаш порано не го разбирав и единствено ги следев резултатите. Беше навистина емотивно. Од мотивацискиот говор што тренерите им го одржуваа на спортистите пред натпреварот до победничкиот викот во арената… мислев дека никогаш не би можел да доживеам толку длабоко искуство на еден настан.

Понатаму, како Турчин, бев горд што бев сведок на тоа како мојата земја го освои првото место по број на медали: три златни, два сребрени и два бронзени. Разговарав со медалистите и со членовите на турската делегација, споделувајќи го нивното возбудување и радост.

Гледајќи наназад на сето ова, не само што додадов нов спорт во моето мени, туку и научив колку емоции може да донесе спортот за среќата на една земја.

Ефе Озиалчин