You are currently viewing Повик за обука во Унгарија!

Повик за обука во Унгарија!

Волонтерски Центар Скопје бара 4 учесници (+18 години од Македонија), кои што ќе сакаат да учествуваат во обука “Act it Out!” во Унгарија.

Место: Дебрецен, Унгарија
Датум: 11.05 – 20.05.2025

За проектот:
За време на обуката за проектот: “Act it Out”, учесниците ќе ги запознаат методите на „Театарот на угнетените / Theatre of the Opressed“ (tеатар со слики, Форум-театар и tеатар за весници) и ќе научат како да ги користат во своите заедници за да иницираат социјални промени и да помогнат во вклучувањето на ранливите групи млади.

За повеќе информации: ИНФО-ПАКЕТОТ

Партнер на проектот: Hang-Kép Egyesület

Технички детали:
Проектот е финансиран од ЕРАСМУС +, така што сите патни трошоци (до 309 евра, “green travel” 417 евра) ќе бидат надоместени според прописите на ЕРАСМУС +.  Храната и престојот ќе бидат обезбедени.

Како да аплицирате?

  1. Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
  2. Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.
  3. Доколку наидете на какви било тешкотии при пополнувањето на формуларот, ве молиме контактирајте нè на: vcs_contact@yahoo.com

Краен рок за аплицирање: 23.02.2025

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.