Волонтерски Центар Скопје бара волонтер (18–30 години) за учество на долгорочен ЕСК-проект под наслов „Solidarity for Green Dalmatia“ во Хрватска.
Место: Сплит, Хрватска
Период: Ноември/Декември (3 месеци)
За проектот:
„Solidarity for Green Dalmatia 2025“ (Солидарни за зелена Далмација) ќе собере 3 долгорочни волонтери во Сплит и ќе ги вклучи во 4 активности поврзани со заштита на животната средина и одржлив развој:
- Организирање и спроведување на едукативни активности за да се донесат позитивни промени во заедницата:
- Поттикнување на активно учество преку развој на комуникациски материјали, нивно споделување и работа на социјалните мрежи
- Обединување на локалната заедница преку организирање на јавни зелени настани (изложби, јавни прослави, велосипедски тури итн.)
- Понатамошно позеленување на проектните и програмските активности на “Sunce” засновани на истражувањето за најдобрите достапни еколошки практики и промоција на резултати.
Повеќе информации: Инфопакетот
Проектен партнер: Association for Nature, Environment and Sustainable Development Sunce
Технички детали:
Проектот е финансиран од „Еразмус+“, така што сите патни трошоци (до 275 €) ќе бидат покриени во согласност со прописите на програмата. Сместувањето, храната и џепарлак.
Како да аплицирате?
- Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
- Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.
Краен рок за аплицирање: 28.10.2024
Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.