You are currently viewing Запознајте ги нашите нови практиканти од Полска!

Запознајте ги нашите нови практиканти од Полска!

Кажете им „Здраво“ на новите практиканти од Полска за Стручно Образование и Обука! Тие доаѓаат од Јелења Гора, Долна Шлезија, Полска. ВЦС ја координира оваа група за времетраењето на нивната практична работа во период од еден месец. Ќе работат во лабораториите на БИОТЕК и во компанијата НЈСК Холдинг. Се радуваме што ќе бидеме нивни домаќини, па да ги претставиме по ред.

 

 

 

 

 

 

 


Мартина Грабовјец

Мартина е динамична и љубопитна личност. Внимателна и љубезна, сака да го минува времето со пријатели, но, исто така сака, и да си посвети време себеси. На моменти, можеби е срамежлива, но бргу се прилагодува на новите прилики.

 

 

 

 

 

 

 


Каролина Томјак

Каролина има 17 години и изучува хемија. Многу сака да чита книги. Сака и планинарење, посета на градови и запознавање нови култури. Нејзин сон е да го прошета светот.

 

 

 

 

 

 

 


Шимон Новак

Шимон има 17 години и изучува хемија и биологија. Тој би сакал да ја запознае македонската култура и да стекне нови знаења.

 

 

 

 

 

 

 


Никола Ниеѕвиецка

Никола, исто така, има 17 години и ја интересира хемијата. Сака да запознава нови луѓе и да учи јазици. Патувањата ја прават среќна. Во Македонија доаѓа по нови искуства. Таа би сакала да работи како болничарка.

 

 

 

 

 

 

 


Мартина Руниевич

Таа е 17-годишна девојка, изучува хемија и биологија. Ќе работи во лабораторија. Дојде во Македонија да стекне нови знаења, да запознае различна култура и да се забавува.

 

 

 

 

 

 

 


Сара Флак

Сара има 18 години. Сака истражување на нови култури низ светот и е отворена за нови познанства. Нејзините хобија се пливањето, планинарењето, учење микробиологија и танцување. И таа ја сака хемијата и сака да биде докторка.

 

 

 

 

 

 

 


Ксенија Чумарна

Ксенија има 17 години, учи хемија и биологија. Сака да патува и сака животни. Има желба да ги посети градовите низ Македонија и културата на земјата.

 

 

 

 

 

 

 


Конрад Жмурко

Конрад има 18 години. Негови пасии се скијањето (спуст) и патувања. Кога ќе стане повозрасен – би сакал да го запаметат како што тој го памети неговиот идол Џони Деп. Во Македонија дојде за да стекне драгоцени искуства преку работа во лабораторија и да ја запознае локалната култура.

 

 

 

 

 

 

 


Ања Гомулка

Ања е професорка што дојде со учениците за да им помогне за времетраењето на проектот. Таа многу си ја сака работата, патувањата и запознавањето нови луѓе. За време на нејзиниот престој – би сакала да запознае луѓе од Македонија, да ги прошета планините и најубавите места во Македонија.

Организација-испраќач: Uniser

Училиште: Zespół Szkół Ogólnokształcących i Technicznych (ZSOiT), Jelenia Góra