You are currently viewing „Ола“ за нашите нови шпански ВЕТ-студенти!

„Ола“ за нашите нови шпански ВЕТ-студенти!

Добредојде за нашите двајца нови шпански ВЕТ-студенти. Ману и Валери доаѓаат од Каталонија, а во Скопје ќе престојуваат два месеци, да се стекнат со пракса во стоматолошката ординација Ониксдент. И во Шпанија учат за да станат стоматолошки хигиеничари, па работата тука ќе им донесе драгоцено искуство и знаење. Среќни сме што се тука со нас!

Ману, 18 

Запознајте го Ману. Моментално е прва година на студиите за стоматолошки хигиеничар. Негов голем сон е да отвори ресторан на плажа. Во слободното време сака да спортува и да игра фудбал со пријателите. Нестрпливо чека да види какви изненадувања подготвува Македонија за него. 

Валери, 19

Запознајте ја Валери. Откако летово заврши средно училиште за стоматолошки хигиеничар, таа есенва ќе стартува со настава во полициска Академија. Во слободното време сака да се занимава со спортови како теквондо. Има црн појас и е повеќекратна шампионка во Каталонија. Валери, исто така, сака да готви и да поминува квалитетно време со семејството и со пријателите. За време на престојот тука, планира да ја истражува Македонија и земјите во соседството.