You are currently viewing Повик за волонтери во Шпанија!

Повик за волонтери во Шпанија!

Волонтерски Центар Скопје бара волонтери (18-30 години) од Македонија за учество во долгорочниот проект на ESC „Coloring Your Life By Volunteering“ во Шпанија.

Место: Херез де ла Фронтера, Кадиз, Шпанија
Датум: есен 2023 година  (8 месеци)

За проектот:

Проектот ќе обедини волонтери кои ќе работат со социјални медиуми, ќе организираат активности, ќе пишуваат за нашиот АЈ журнал и ќе научат да дизајнираат. Волонтерите исто така ќе помогнат во спроведувањето проекти на организацијата-домаќин. Исто така ќе бидат вклучени во соработките со други НВО и настаните што ги организираат. Волонтерите ќе учествуваат во регионалната кампања за младински програми преку креирање презентации и видеа во живо за социјалните медиуми.

За повеќе информации: инфо-пакет

Технички детали:
Проектот е финансиран од Еразмус+, така што сите патни трошоци (до 360 евра) ќе бидат надоместени според прописите на Еразмус+. Храната и престојот ќе бидат обезбедени.

Како да аплицирате?

  1. Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
  2. Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.
  3. Пополнете го и овој формуларот за апликација —> Формулар за апликација

Краен рок за аплицирање:  31.07.2023

Апликантите ќе бидат известени по истекот на рокот кога изборот на учесниците ќе биде конечен.