Пред две недели пречекавме нови четворица млади луѓе од Барселона, Шпанија! Ни се придружуваат во следните два месеци преку ВЕТ-програмата за стручно образование и обука. Студентите по туризам ќе стекнуваат пракса во туристичка агенција „Арбо Травел“ во центарот на Скопје. Нивните задачи главно ќе се состојат од промовирање на агенцијата на социјалните медиуми, како и откривање на работата – туристички водич. За повеќето од нив тоа е прво искуство во странство и имаат многу очекувања во оваа нова авантура во Македонија!
Ангел, 23
Ангел е од Барселона, но роден во Севиља и се гордее со тоа! Се смета себеси за многу социјален и сака да го поминува времето со своите пријатели. Тој е љубител на рап-музиката и не може да живее без неа! Тој, исто така, сака да оди во сала за вежбање и да се грижи за себе и за своето здравје. Ова искуство е ново откритие за него и едвај чека да ја истражува Македонија, новата култура и пред се, да запознае нови луѓе!
Ирма, 21
Ирма е искусен патник низ Европа, а денес е во Македонија, благодарејќи на програмата „Еразмус+“. Таа се радува на новото искуство. Сака добро да се забавува со пријателите, а и да фотографира и да биде фотографирана.
Алба, 21
Алба, секогаш насмеана, е пасиониран ролер која не се двоумеше пред да замине во ова ново македонско искуство. Таа отсекогаш сакала да живее во странство за да открие нова земја, нејзината историја и култура, како и нејзините жители.
Карла, 21
Карла е отворена и дружељубива личност, која сака да излегува со своите пријатели и да го открива светот преку нејзините патувања. Денеска нејзина дестинација е Скопје, каде се надева дека ќе запознае нови луѓе и ќе го подобри англискиот јазик.