Периодот од 16 до 23 октомври беше уникатно искуство за учење и одлична можност за 56 мотивирани млади луѓе кои доаѓаат од 7 земји од Европа: Шведска, Македонија, Италија, Србија, Турција, Полска и Словачка да бидат дел од младинската размена „Volunteer for social inclusion“ со цел да се нурне подлабоко во темата на волонтеризмот и да се истражи неговата моќ за справување со социјалната вклученост.
Учесниците се собраа во Шведска и преку различни неформални работни методи ја истражуваа темата на волонтерството, ги споделија своите волонтерски искуства и се запознаа со програмата ЕСК. Учесниците ги истражуваа сите придобивки од волонтирањето и поддршката на социјалната вклученост преку него.
Сесиите беа дизајнирани со цел да ги ангажираат учесниците да комуницираат, да ја зајакнат нивната креативност и вештини за критичко размислување и да развијат/подобруваат некои компетенции, како што се: организациски и комуникациски вештини, дигитална компетентност, тимска работа и лидерски вештини итн.
Младинската размена „Volunteer for social inclusion“ се фокусираше и на интеркултурната димензија, така што секоја вечер учесниците имаа можност да организираат интеркултурни вечери и да ги претстават своите земји, да играат некои традиционални танци, да вкусат традиционална храна, да научат некои зборови на странски јазици итн.
Учесниците ги подобрија и своите дигитални вештини, имено, работеа на креирање практична онлајн брошура со совети, написи, ресурси за волонтирање на англиски јазик и содржина за веб-страница на проектот и социјални медиуми.
Следниот предизвик што ќе го преземат учесниците ќе биде спроведување на доброволни иницијативи во нивните заедници со цел да се решат некои прашања релевантни за нив и за нивните врсници.