Волонтерски Центар Скопје бара учесници (18-30 години) од Македонија, кои што ќе сакаат да учествуваат во Младинската размена „Path to Employability: Creating an Interactive Road for Employability “ во Турција.
Место: Kocaeli, Турција
Датум: 19.11 – 27.11.2022
Целите на ”Path to Employability; Creating an Interactive Road for Employability” проектот се:
-Одредбите на неформалното образование и размена на искуства помеѓу младите од различни земји со цел да се поттикне креативноста на младите луѓе и развијат претприемачките способности и иницијативи;
-Да ги опремат младите со нови алатки, вештини и знаења кои им се потребни за влез на пазарот на работа и за развивање сопствени бизниси;
-Да ги припремат младите за пренос на добиените знаења, нови алатки и вештини на своите врсници во нивните земји;
-Промовирање на меѓународна соработка, одржување и проширување на постоечките младински мрежи и отпочнување проекти со повеќестран приод кон младинската вработливост и младинско учество;
-Промоција на Еразмус+ програмата како можност за младите луѓе да се стекнат со нови вештини и компетенции, како и развивање на идни проекти.
За повеќе информации: ТУКА
Партнер на проектот: Falken Bildungs und Freizeitwerk Hagen e.V.
Технички детали:
За Македонија, Романија, Грција и Бугарија „зелената“ опција за патување е поддржана.Учесниците ќе пристигнат во Турција со автобус или воз. Организаторите планираат организиран автобуски превоз до местото на одржување на проектот. Информација за тоа ќе биде споделена по процесот на селекција на учесници.
Храната и престојот ќе бидат обезбедени.
Како да аплицирате?
- Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
- Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.
Краен рок за аплицирање: 04.09.2022
Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.