Волонтерски Центар Скопје бара 3 учесници (18+ години) од Македонија, кои што ќе сакаат да учествуваат на oбуката за проектот “Gender Equality at Work” во Грузија.
Место: Рустави, Грузија
Датум: 11.09 – 18.09.2022
За проектот:
Целта на проектот е да ги направи учесниците посвесни и способни за ’меинстрим’ за родовата еднаквост околу нив и на работното место.
За повеќе информации: ИНФО-ПАКЕТОТ
Партнер на проектот: Youth Association Droni
Технички детали:
Проектот е финансиран од Ерасмус+, така што сите патни трошоци (до 245 евра) ќе бидат надоместени според прописите на Ерасмус+. Храната и престојот ќе бидат обезбедени.
Како да аплицирате?
- Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
- Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.
Краен рок за аплицирање: 28.07.2022
Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.