Волонтерски Центар Скопје бара 3 учесници (18+ години) од Македонија, кои што ќе сакаат да учествуваат на Обуката за проектот “OK not to be OK“ во Литванија.
Место: Вилканастрај, Литванија
Датум: 26.7–2.8.2022
За повеќе информации: ИНФО-ПАКЕТОТ
Партнер на проектот: Generation Echo
За проектот:
Главната цел на овој проект е да се намали стапката на самоубиства во земјите-учеснички, обезбедување на алатки за младинските работници да се справат со младите со самоубиствени намери и да им се зајакнат вештините за организирање активности кои ќе овозможат опуштање на младите, да се научат на поздрави техники за справување со стресот, кои ќе доведат до подобрување на нивниот став и начин на гледање на животот.
Технички детали:
Проектот е финансиран од Ерасмус+, така што сите патни трошоци (до 275 евра) ќе бидат надоместени според прописите на Ерасмус+. Храната и престојот ќе бидат обезбедени.
Како да аплицирате?
- Испратете емаил на: vcs_contact@yahoo.com
- Наведете го името на проектот во предмет (на пр. Апликација за “OK not to be OK“)
- Претставете се накратко и наведете за кој проект сте заинтересирани
- Закачете го вашето CV на англиски јазик
- Закачете го мотивационото писмо на англиски, со одговори барем на сл. прашања:
- Кој сте вие?
- На која возраст сте?
- Зошто сакате да учествувате?
- Како може да придонесете за проектот?
Краен рок за аплицирање: 09.06.2022
Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.