Овој понеделник, 16 Мај 2022 година, во хотел Континентал во Скопје, ВЦС обезбеди логистичка поддршка и организација на Почетна конференција за проектот „Училиштето се среќава со компаниите“ на австриското Федерално Министерство за образование, наука и истражување, во соработка со Македонското Министерство за образование и наука (МОН) и Центарот за Стручно образование (ЦСОО).
Овој регионален проект е координиран од OEAD агенцијата за образование и интернационализам од Австрија и во истиот се вклучени и Косово и Албанија. „Регионално обезбедување на проектен квалитет во работата на Координаторите за деловни врски“ е ново поглавје од проектот „Училиштето се среќава со компаниите“.
Веднаш по Почетна конференција на која присуствуваа над 100 луѓе, беше одржана Национална работилница за споделување на најдобрите практики и искуства на училишните координатори, со повратни информации и препораки на професионалци.