You are currently viewing Повик за тренинг курс во Турција!

Повик за тренинг курс во Турција!

Волонтерски Центар Скопје бара 4 учесници (18+ возраст) кои сакаат да учествуваат на тренинг курсот “ Youth Empowerment and HUMAN RIGHTS (Y.E.A.H.!)” во Турција.

Место: Кемер, Анталија, Турција
Датум: 1.03.-7.03.2022

!! Можни се евентуални промени на проектните датуми што ќе зависат од моментната ситуација со „Ковид-19“ !!

!! Согласно барањето на организацијата-домаќин, учеството на тренингот е дозволен единствено за целосно вакцинирани лица !!

За проектот: Проектот има за цел да ја подигне свесноста за спречување на прекршувањето на човековите права во ЕУ и соседните семји. Истиот ќе овозможи да се забрзаат напорите за подобрување на човековите права, демократијата, како и владеењето на правото во сите аспекти. Исто така, ќе ја продлабочи соработката меѓу партнерските земји, меѓународните организации и граѓанското општество, ќе креира нови соработки и поддршка на партнерствата да се прилагодат на новонастанатите прилики. Младите луѓе ќе дискутираат за актуелната состојба во земјите и ќе ги истражуваат можностите за соочување со дискриминацијата.

За повеќе информации: INFOPACK

Проектен партнер: İnsan Hakları Gençlik Grubu (Turkey)

Технички детали: Проектот е финансиран од „Еразмус+“, така што сите патни трошоци (до 275 евра) ќе бидат покриени во согласност со прописите на програмата. Сместувањето и храната се обезбедени.

Како да аплицирате?

1. Испратете емаил на: vcs_contact@yahoo.com
2. Наведете го името на проектот во предмет (Апликација за “ Youth Empowerment and HUMAN RIGHTS (Y.E.A.H.!), Турција)
3. Претставете се накратко и наведете за кој проект сте заинтересирани
4. Закачете го вашето CV на англиски јазик
5. Закачете го мотивационото писмо на англиски, со одговори барем на сл. прашања:

  • Кој сте вие?
  • На која возраст сте?
  • Зошто сакате да учествувате?
  • Како може да придонесете за проектот?

Краен рок за аплицирање: 20.01.2022

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.