You are currently viewing Мирна девојка со силна енергија: Добредојде за Ниина од Финска

Мирна девојка со силна енергија: Добредојде за Ниина од Финска

Moi! Јас сум Ниина, имам 27 години и доаѓам од Хелсинки, Финска. Дојдов во Македонија за да волонтирам во следните два месеца. Јас сум мирна и љdубезна личност. Сакам да сум со луѓе, но понекогаш сакам сама да ги завршам работите, а потоа да одам на прошетка или во теретана.

Сакам да патувам – патував во 30 земји главно во Европа. Никогаш не сум бил во странство толку долго време, затоа сега сум возбудена! Еден од моите најголеми сонови е да бидам тука.

Во Финска, времето го минувам со семејството и пријателите. Сакам да гледам ТВ-серии и тоа со часови, да одам во теретана и да јадам добра храна.

Имам работно искуство од давање грижа на бебиња до стари лица. Имам диплома за социјални услуги и работам како медицинска сестра и како црковен работник.

Помагањето на луѓето е важно за мене и се надевам дека можам да го сторам тоа и овде.

Исто така, се надевам дека можам да бидам своја и храбра. Сакам да видам и доживеам многу и да го направам мојот секојдневен живот убав овде во Македонија.

 

Ниина Коивула