Волонтерски Центар Скопје бара 4 млади учесници (18 – 30 години) и 1 младински лидер (18+) од Македонија кои сакаат да учествуваат на младинска размена “Camera Eye: First step to save animals”.
Место: Nowy Gierałtów, Полска
Датум: 27.08. – 04.09.2021
!! Можни се измени во однос на датумот на одржување на проектот зависно од актуелната COVID-19 ситуација !!
Повеќе за проектот:
Проектот е наменет за млади луѓе кои се грижат за животните, сакаат активно да го подобрат својот статус и, во исто време, чија страст е да создаваат кратки филмови што водат важни граѓански вредности. Главната цел на овој настан е да ги прикаже најголемите проблеми со нехуманиот третман кон животните во некои земји и да ги научи младите свесно и одговорно користење на масовните медиуми како општествени вредности.
Проектот ќе се состои од 25 учесници – пет лица од секоја земја. Секоја група ќе има водач, личност со искуство во учество во проекти, уредник, чиј главен интерес е пост-продукција, актер, чија цел е синхронизација, спроведување интервјуа или настап пред камера, сценарист, кој ќе подготви план и сценарио за неговата група, и режисер, чиј главен интерес е да работи со камера.
За повеќе информации: INFOPACK
Партнер на проектот: MODE Move & Development Foundation (Полска)
Технички детали:
Проектот е финансиран од Еразсмус+, значи сите патни трошоци (до 275 евра) ќе бидат покриени согласно со Еразмус+ регулативите. Сместувањето и храната се обезбедени.
Како да се пријавите:
1. Испратете емаил на: vcs_contact@yahoo.com
2. Наведете го името на проектот во Предмет (пр. Апликација за “Camera Eye: First step to save animals“)
3. Претставете се накратко и истакнете за кој проект сте заинтересирани
4. Закачете го вашето CV на англиски
5. Закачете го вашето Мотивациско писмо на англиски со одговор на следните прашања:
-
- Кој сте вие?
- На која возраст сте?
- Зошто сакате да учествувате?
- На кој начин ќе допринесете за проектот?
Краен рок за пријавување: 19/08/2021
Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.