Волонтерски Центар Скопје има чест да ви претстави уште еден проект од КА2 програмата, каде тимот на ВЦС е еден од водечките во развојот и во реализацијата. Тимот се состои од пет млади луѓе кои со помош на организацијата ќе бидат оние кои ќе ги иницираат активности и настаните.
Ова не е вообичаен проект за здравје и активен живот, напротив, „Shake a leg, together” има за цел да допре до што повеќе луѓе во Македонија, Литванија, Словенија, Турција и во Унгарија и да ги охрабри да бидат физички активни на било кој начин, да ги информира за придобивките од физичката активност, како и да помогне во идејата физичката активност да се направи што попривлечна. Како шлаг на тортата, тимот на SALT ќе цели да достигне и ќе се стреми кон подобрување и работа на менталната и психолошката страна на вежбањето и општата благосостојба. Освен тоа, ќе им овозможи на учесниците да ги споделат нивните реалности и да вклучат луѓе од нивните локални заедници да бидат активни и да почнат да се движат. Се надеваме дека ќе има „ефект на пеперутката“ и почетокот ќе биде во земјите-учеснички на овој проект, а потоа ќе се прошири низ целиот свет. Проектот има пет активности и две мобилности за учесници, како и многу локални настани.
Волонтерски Центар Скопје ги охрабрува сите да станат физички активни и да се грижат за себе и за своето здравје. Овој проект ќе овозможи многу можности да се придружите, па со нетрпение очекуваме да се видиме и да се запознаеме.