Здраво, моето име е Жул Стрифлер. Доаѓам од Алсаче, погранично место во Франција во близина на Германија и на Швајцарија. Студирав „Јазици и Интеркултура“. Потоа, одлучив да заминам на Европски студии. Преку програмата „Еразмус Мундус“ се приклучив на постдипломски студии на „Уметноста во еврокултурата“.
Досега, студирав или работев во Стразбур, Сиднеј, Готингем и во Сараево. Себеси би се опишал како љубопитен, одлучен и внимателен кон луѓето што ме опкружуваат.
Низ сиот мој пат, секогаш бев исклучително мотивиран да се борам за повисоки цели. Од тие причини, да се биде дел од Волонтерски центар Скопје е дефинитивно логичен след на нештата. Среќен сум што започнувам да го искусувам задоволството што Европскиот солидарен корпус ќе ми го овозможи во Скопје.
Да се биде повторно на Балканот е особено стимулирачки за мене, бидејќи сум фасциниран од регионот. Тоа, веројатно и објаснува зошто пред неколку години одлучив да работам за Францускиот Институт во Сараево и да се „справувам“ со темите што се важни за Балканот во две години од мојот академски живот.
Жул Стрифлер