Дали сакате конечно да ја научите разликата помеѓу Литванија и Латвија? Зарем има подобар начин од тоа да отидете и живеете во една од овие земји?
Националниот Парк Aukstaitijos и Регионалниот Парк Labanoro се во потрага по волонтер од 18-30 години за периодот од Април до Декември 2019 година. Ако ја сакате природата и екологијата ова е токму за вас. Ќе имате можност да ги набљудувате дивите животни во паркот кој има различна флора и фауна, да менаџирате со животната средина и да работите на подигнување на свеста на локалната заедница како само дел од предвидените активности. Ќе имате можност да работите со деца, организирате културни настани во локалните центри и библиотеки, подготвувате и водите кратки посети на паркот.
Ако сте дете на дивината што сака да го поминува времето околу езера и шуми, ако малите заедници и мирните, опуштени места се нешто што ве привлекува и ако сакате да научите нешто повеќе за Балтичките земји и Северна Европа, дефинитивно треба да се пријавите.
Испратете го вашето CV и мотивациско писмо на англиски јазик на vcs_contact@yahoo.com. Направете го тоа најдоцна до 8-ми Март.
Организацијата ќе ги контактира само избраните кандидати.