Во периодот од 15-19 Јануари 2018 година во Нирнберг, Германија, претставници на ВЦС присуствуваа на семинар во рамките на проектот „Одлив на интелигенција, прилив на интелигенција+циркуларна миграција“ имплементиран од стратешкиот партнер од Германија МЕМОС. Овој семинар беше третата мобилна активност во рамките на проектот под истиот назив и активноста собра заедно 14 младински работници/лидери од Македонија, Германија, Хрватска, Србија и Босна и Херцеговина. Главната тема на целиот проект беше да се започне дискусија за предметот на миграција, имиграција, емиграција како и одливот и приливот на интелигенција, теми кои се од големо значење пегионот на ЈИЕ. Проектот е на грант на германската Национална агенција, авторизирана за имплементација на Еразмус Плус програмата, подржана од Европската Комисија.
Семинарот имаше за цел да ги сумира насобеаните инфомации преку имплементацијата на првите 2 активности, студиска посета во Македонија и тренинг курс во Босна и да се поднесе извештај за проблемитекои беа опфатени. За време на петдневниот престој во Нирнберг учесниците, помеѓу останатото имаа можност да ги слушнат гостите-говорници од германската агенција за вработување, германската стопанска комора и индустрија, одделот за млади на градот Нирнберг, едукатори ос Еразмус Плус програмата и други субјекти како и да го посетат младинскиот центар сместен во Нирнберг и околината. На последниот ден на семинарот ја имавме можноста да присуствуваме на конференција во Собранието на градот Нирнберг, пречекани од Советникот за млади и семејство и локалниот младински советник. На последната конференција имавме можност да дискутираме за понатамошно продлабочување помеѓу двата збратимени градови: Скопје и Нирнберг.
Волонтерскиот Центар Скопје изразува задоволство од активното учество на овој проект и се надеваме дека ќе ја продолжиме нашата соработка со стратешките партнери од Германија како и дека соработката помеѓу двата сетрински града, Скопје и Нирнберг ќе биде плодна во наредниот период.
Ѓоко Вукановски