Волонтерски Центар Скопје бара 2 учесници (+18 години од Македонија), кои што ќе сакаат да учествуваат во обука “Scam Spam Pam Pam” во Романија.
Место: Сарата Монтеору – Бузау, Романија
Датум: 6.05 -15.05.2025
За проектот:
Проектот ќе ги опреми младите работници со нови методи и алатки за подобрување на критичкото размислување и медиумската писменост. Преку обуката, тие ќе развијат вештини за интегрирање на критичкото размислување во секојдневната работа, ќе креираат активности на теми како медиумска писменост и лажни вести, а ќе стекнат и знаење за спречување на сајбер булинг и неодговорна употреба на социјалните медиуми.
За повеќе информации: ИНФО-ПАКЕТОТ
Партнер на проектот: FPT BUZAU
Технички детали:
Проектот е финансиран од Еразмус+, така што сите патни трошоци ќе бидат надоместени според прописите на Еразмус+. Храната и престојот ќе бидат обезбедени. Се плаќа 20 € за учество.
Како да аплицирате?
- Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
- Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.
- Доколку наидете на какви било тешкотии при пополнувањето на формуларот, ве молиме контактирајте нè на: vcs_contact@yahoo.com
Краен рок за аплицирање: 6.04.2025
Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.