Волонтерски Центар Скопје бара 1 волонтер (18–30 години) од Македонија за учество во долгорочниот ЕСК–проект “From Everywhere to Everyone” во Вила де Кукужеш, Португалија.
Место: Вила де Кукужеш, Португалија
Период: Март – Септември 2022
!! Можни се евентуални промени на проектните датуми што ќе зависат од моментната ситуација со „Ковид-19”, како и ограничувањата што одредени земји ги имаат за влез на македонски државјани. !!
За проектот:
Организацијата-домаќин е дел од португалскиот Црвен крст и Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина.
Мисии:
– Банка за храна: подигање и транспортирање на донации од храна, нивна дистрибуција на семејства и поединци на кои им е потребна.
– Социјална продавница: сорторање, организирање донации на облека, обувки и играчки.
– Дом за стари лица: поддршка со рекреативни активности или во кујна, перална и градина.
– Активности со зависници во закрепнување: спортски активности на отворено/ физички вежби на отворено со зависници во закрепнување.
– Поддршка во: Прибирање средства; Кампањи за подигнување свест; Прва помош (ако сте обучени); итн.
За повеќе информации: INFOPACK
Проектен партнер: Cruz Vermelha Portuguesa
Технички детали: Проектот е финансиран од „Еразмус+“, така што сите патни трошоци (до 275 €) ќе бидат покриени во согласност со прописите на програмата. Сместувањето и храната, како и часовите по португалски јазик се обезбедени.
Како да аплицирате?
- Испратете емаил на: vcs_contact@yahoo.com
- Наведете го името на проектот во предмет (на пр. Апликација за волонтерски проект “From Everywhere to Everyone”, Португалија)
- Претставете се накратко и наведете за кој проект сте заинтересирани
- Закачете го вашето CV на англиски јазик
- Закачете го мотивационото писмо на англиски, со одговори барем на сл. прашања:
- Кој сте вие?
- На која возраст сте?
- Зошто сакате да учествувате?
- Како може да придонесете за проектот?
Краен рок за аплицирање: 3.02.2022
Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.