Волонтерски Центар Скопје е дел од проектот „Младите и европските вредности“ во имплементација на Коалиција на младински организации СЕГА, а поддржан од Генерален Секретаријат на Влада на Република Северна Македонија, преку Програмата за финансиска поддршка на здруженија и фондации.
Првата активност беше Обуката за примена на ЕУ методологија за интегрирање на Европските трендови и практики која се одржа во Струга од 6 до 8 март 2020 каде што Волонтерски Центар Скопје учествуваше со два претставника. Од обуката произлегоа активности кои ВЦС требаше да ги спроведе во наредниот период.
Првиот настан беше кафе средба на тема ,,Младите и Европа’’ која се одржа на 15 септември во отворените простори на Beerтија Паб во Скопје. Настанот беше посетен од повеќе млади луѓе, а го водеа нашите волонтери Јосип Гегај и Огнен Aнчевски. Беше оддржан краток квиз на тема Европска Унија и европски вредности и потоа следуваше излагање на неколку наши ЕСК волонтери. За време на презентацијата и по завршување на истата, имаше дискусија и прашања и беа споделени мислења и искуства помеѓу презентерите, волонтерите и учесниците.
Втората активност беше панел дискусија со работен наслов ,,Младите и Европа’’ која се оддржа на 22 септември во просториите на Општина Кисела Вода – Скопје. Модератор на настанот беше Андреј Наумовски, проект координатор од ВЦС, а панелисти беа претставници од Министерство за образование и наука, Агенција за млади и спорт, Општина Кисела Вода, невладината организација Институт за европска политика (ЕПИ) и младинскиот активист Дарио Королија. За досегашните активности и резултати од проектот презентираше Јосип Гегај, волонтер од ВЦС. Панелистите ги презентираа програмите и активностите на своите организации поврзани со промовирање на европските вредности, додека активистот Дарио го презентираше неговото лично искуство со европски проекти. По завршувањето на излагањата имаше дискусија, прашања и разменување на мислења и идеи со панелистите и учесниците.
На настаните беа запазени сите протоколи и препораки поврзани со пандемијата на Ковид 19.
#coalitionsega #youth #europeanvalues #mladi