Бонжур! Моето име е Иван и имам 29 години. Одраснав во Марсеј, поголемиот дел од мојот живот. Студирав во Ек-сан-Провинс, сончев, космополитски град во југо-источна Франција каде има луѓе со различно потекло како Магреб (северо-западна Африка), супсахарска Африка, Ерменија или Коморските острови.
Значи, откако потпораснав заминав на студии по Право и Уметност, истовремено, во друг град Ек-сан-Провинс, на север од Марсеј. Студирав Право и Англиски јазик-кој воедно ми помогна да патувам и да го разберам Светот подобро.
Следев и курсеви посветени на Европски прашања (Европски закони, Економија, политики и сл.) и се здобив со магистратура на ова поле.
Мојата цел како волонтер во Скопје е да го промовирам взаемното разбирање помеѓу луѓето бидејќи сметам дека границите помеѓу народите-барем на некои места, постепено ќе исчезнат целосно. Како волонтер, сакам активно да допринесам за повеќе толеранција, инклузија и разновидност во нашите општества.
Иван Барбо