Моментот кога ќе те одберат два месеци пред да наполниш 31 година, а максимум лимит за да оствариш ЕВС е 30, е тоа е среќа со сигурност, и плус земја за волонтирање Шпанија,на среќата и немаше крај! 🙂
Моето име е Викторија Цавироска и волонтирам во Колиндрес градче во близина на Билбао, во период од 6 месеци. Пристигнав во Билбао тука ме пречекаа моите ментори кои целосно ни објаснија во врска со почетоците и новото место на живеење. Сите луѓе тука се насмеани и пријателски настроени како да си ги знаел цел свој живот. Почнав да работам во градинка “Ludoteca” и децата се прекрасни, полни со енергија. Исто така работам и во “Casa de la Juventud” каде работиме со деца на возраст од 14-18 години, и правиме разни активности – работилници за учење англиски јазик, гастрономија, изработка на макети, накит и игработка на флаери (Graphic Design).
Исполнета сум тука, секој работен ден е ново искуство, природата е прекрасна од прекрасни планини во близина за планинарење до плажи и прекрасни предели. Имам и свој точак што е супер опција за уживање и шетање.
Презадоволна сум и би препорачала на секој да се обиде за ЕВС бидејки гледаш дека можеш да се докажеш и во други полиња и постојано да се надоградуваш. Ви испраќам силни гушки од Колиндрес, Шпанија! 🙂