You are currently viewing Обука по пристигнување во Струмица

Обука по пристигнување во Струмица

ЕВС волонтерите во ВЦС – Марко, Јакопо и Моника, учествуваа на обуката по пристигнување за ЕВС волонтери организирана од страна на Националната Агенција за образовни програми и мобилност која се одржа во Струмица, 14-16.4.2015.
Обуката беше исполнета со корисни информации и интересни факти, но најдобриот дел беше можноста да се запознаат другите ЕВС волонтери од сите делови на Македонија и да ги споделиме нашите ЕВС приказни. Поврзување, размена и учење е она што е најважно секогаш, па Струмица ја оставивме зад себе со убаво чувство на создавање на нови пријателства и малку попаметни од претходно.