Почитувани,

Ви објавуваме повик за учество на дводневна работилница за градење на капацитетите на млади, на возраст од 18-26 години.  Работилницата ќе биде спроведена во рамките на Европскиот проект со наслов “TrainVol”,  каде што Волонтерски Центар Скопје ја има улогата на партнер организација.  Подетални информации околу проектот може да најдете на следниот линк: https://trainvol.eu/ .

Дводневната работилница има за цел промовирање на волонтерството како алатка со која се комбинираат неформалното и информалното учење и градење на капацитетите за граѓанска вклученост, активно граѓанство и социјална инклузија. Исто така, работилницата е во насока да им се помогне на младите луѓе да се активираат, волонтираат, и да бидат носители на позитивни општествени промени. Преку учеството на работилницата ќе се зајакне мотивацијата и сигурноста во улогата на волонтерите.

Работилницата ќе се одржи на 21-ви мај 2018 година, во просториите на Волонтерски Центар Скопје, лоцирани на ул. Емил Зола 3/3-1 во Скопје. Работен јазик на работилницата е македонски.

Доколку сте заинтересирани да научите нешто повеќе за волонтерство, комуникациски вештини и емпатија, пополнете ја апликацијата која можете да ја најдете на следниов линк: https://goo.gl/forms/ZszU2JrxnzN5dW9E2

Краен рок за пријавување е 18-ти  мај 2018 година.

Селектираните кандидати ќе бидат контактирани по е-мejл на 18-ти мај.

Во очекување на вашите апликации, се’ најдобро!

Со почит,
Тимот на ВЦС