Волонтерски Центар Скопје бара 2 учесници (20+ возраст) кои сакаат да учествуваат на тренинг курсот “Theater tools for dramatic situations” во Сарата-Монтеору и Бузау, Романија.
Место: Сарата-Монтеору и Бузау, Романија
Датум: 02.02 –10.02.2022
!!Согласно регулативата на романските власти и барањето на организацијата-домаќин, влез во Романија е дозволен единствено за целосно вакцинирани лица или за оние што прележале „Ковид-19“ во последните 180 дена.!!
!!Можни се евентуални промени на проектните датуми што ќе зависат од моментната ситуација со „Ковид-19“.
За проектот:
Тренинг-курсот “Theater tools for dramatic situations” има за цел да ја подобри професионалната активност на младинските работници во Европа во едукација на младите луѓе и граѓанското општество за подобра социјална интеграција на мигрантите. За време на проектот ќе има 3 интеркултурни сесии, 5 воведно-тематски сесии и 6 проширени драмски работилница (форум театар, играње улоги и LARP). Финалните производи ќе бидат претставени на сцената во Бузау.
За повеќе информации: INFOPACK
Проектен партнер: FPT BUZAU (Романија)
Технички детали: Проектот е финансиран од „Еразмус+“, така што сите патни трошоци (до 275 евра) ќе бидат покриени во согласност со прописите на програмата. Сместувањето и храната се обезбедени.
Како да аплицирате?
1. Испратете емаил на: vcs_contact@yahoo.com
2. Наведете го името на проектот во предмет (Апликација за тренинг курсот “Theater tools for dramatic situations”, Романија)
3. Претставете се накратко и наведете за кој проект сте заинтересирани
4. Закачете го вашето CV на англиски јазик
5. Закачете го мотивационото писмо на англиски, со одговори барем на сл. прашања:
- Кој сте вие?
- На која возраст сте?
- Зошто сакате да учествувате?
- Како може да придонесете за проектот?
Краен рок за аплицирање: 16.01.2021
Апликантите ќе бидат известени после крајниот рок за аплицирање кога ќе се финализира селекцијата на кандидатот.
Ги очекуваме вашите апликации!