You are currently viewing (Македонски) Промоција на сликовницата „Огледало на културите“

(Македонски) Промоција на сликовницата „Огледало на културите“

Минатиот петок беше сведок на новата сликовница „Огледало на културите“ која осамна на истоимената изложба на културни артефакти на културите кои живеаат во Македонија.

Сликовницата цели кон претставување на културните заедници кои живеаат во Република Македонија преку еден поинаков, интерактивен начин на презентација на фактите на културните заедници. Во самата сликовница текстот е миниминалистички опишан преку фотографии со цел да го привлече вниманието на модерната публика кое е сконцентрирано на мултимедијалниот текст.

Промоцијата на сликовницата беше проследена од културната изложба на културни артефакти. Така присутните на изложбата имаа можност едновремено да видат дел од културните артефактки, особено традиционалните носии на секоја културна заеденица во Македонија. Изложбата и промоцијата беа обединети преку звукот на турскиот традиционален музички инструмент неи како и виолина.

Културната изложба „Огледало на културите“ за момент прерасна на единствената секултурна и сеинклузивна точка во земјата. Особено израдува фактот што истата беше поставена во Амбрела ресторан кадешто вработените се со Даунов синдром а дополнително изложбата беше посетена и од лица со нетипичен развој. Самата посетеност на изложбата и покажаниот интерес кон сликовницата импонира понатамошна работа на полето на интеркултурната комуникација и интеракција.

 

Сликовницата „Огледало на културите“ и истоимената културна изложба се реализираа во рамки на проектот „Без расправање“ финансиски поддржан од Фондација отворено Општество Македонија.

 

Во прилог е онлајн сликовницата Огледало на културите“.

 

 

Вафире Мухареми