Многу често кога зборуваме за волонтирањето – зборуваме за добротворна и неплатена работа со која придонесуваме во заедницата, со додавка дека притоа се стекнуваат различни вештини, искуство и знаења. Но, за разлика од класичната волонтерска работа, ЕСК (Европскиот Солидарен Корпус) е многу повеќе од се претходно наведеното.
А што е поразлично? Па, според моето животно искуство, дури и со оној за кого велиш дека ти е пријател од најмала возраст, сепак, не можеш да создадеш таков однос како со некого со кого живееш 24/7. Тоа креира многу поголема поврзаност.
Јас со моите цимери живеам веќе седум месеци и за тоа време нашите односи се зацврстија толку многу што буквално се работиме заедно. Сето тоа ни создава спомени кои ќе траат цел живот. А, едни од највпечатливите спомени се заедничките патувања. Со моите колеги Каиси и Салем бевме бевме на патување во повеќе места, како на пример: викенд во Белград, па во Букурешт, во Софија, а на крај и најубавото – во Скопје.
Се здобивме со прекрасни моменти и доживувања. Шетање и разгледување на местата, дружење со други луѓе, посета на забави, вкусни оброци…
Сето ова не можете да го доживеете на ниту кој било кој друг начин. Па, дури и да отидете во странство за да работите – вие ќе заработувате пари, но нема да го имате целото ова искуство, а парите нема да ви значат повеќе од вакви пријателства и прекрасни моменти. Каде и да живееме и колку и да заработуваме – парите доаѓаат и си одат. По десетина години можеби ќе имаш повеќе, а си ги потрошил тие што сега ги имаш во џеб, но пријателствата и убавите спомени од денес остануваат и по 50 и повеќе години.
Даниел Шикоски
наш долгорочен ЕСК-волонтер во Арад, Романија