You are currently viewing Од волонтерскиот дневник на Бате Даки: „Мислам дека сум многу побогат“

Од волонтерскиот дневник на Бате Даки: „Мислам дека сум многу побогат“

Во Арад, Романија живеам речиси половина година, што значи одамна ја оставив зад мене првата половина од мојот волонтерски проект.

Зошто ме немаше да се јавам со текст претходно? Бидејки не знаев на што да се насочам и како тоа да го опишам. Причината е што се соочив со некои предизвици што сега ме прават посреќен. Од нив научив многу за себе, а тоа е како на работите да реагирам поинаку за разлика од претходно кога многу често сум реагирал многу емотивно и со откажување после и најмал предизвик. Овде постојано сум решен да се справам со сите предизвици и целта ми е овој проект да го завршам најуспешно што може.

Како што реков, има и предизвици, но за првпат сега кога се справив со сите нив, се радувам на нив, бидејќи гледам дека од тоа дека учам и мислам дека тоа ќе ми помогне во иднина.

Посебно ми се допаѓа што овде со моите колеги и цимери не сме само колеги и цимери, туку ние и реално сме многу добри пријатели. Нешто што навистина ќе го понесам од овде со мене после проектот се моето патување во Белград на викенд со дел од моите колеги – волонтери, а и во наредниот период планираме да посетиме повеќе места и држави.

А посебно би го истакнал мојот колега и претходно цимер – Кауси со кого постојано одиме на активности заедно, јадеме заедно, патуваме заедно, си помагаме во активностите и се е во ред.

Би заклучил дека можеби многу работи овде, од сегашна перспектива, ми звучат тешки, како бариерните пречки во комуникацијата со локалното население и некои други слични предизвици, но сепак, мислам дека по завршувањето на проектот ќе имам еден прекрасен и светол спомен во животот.

Даниел Шикоски,
наш долгорочен ЕСК-волонтер во Романија