Деновите минуваат, 12-ти август, уште еден обичен ден од топлото лето или нешто повеќе од тоа?
Многу повеќе од обичен летен ден , во право сте! Недалечната 1999, 12-ти август го одреди за меѓународен ден на младите. Генералното собрание на Обединетите Нации во 1999 година донесе одлука со која 12-ти август го определи како меѓународен ден на младите. Целта на ваквата постапка била да се зголеми свесноста за важната улога на младите во светот и нивната улога и одговорност за подобрување на светот.
Генералното Собрание на ОН не застана само со назначување на меѓународен ден на младите туку отиде и чекор подалеку и во рамки на агендата за одржлив развој 2030 предвидува посебена цел 11, со кои обезбедува рамка за подобрување на условите за живот на млади.
Младите се предводници на општеството, нивната улога е постојано да го подобруваат социјалниот, економскиот, политичкиот и општествен живот во нивните заедници. Активните млади кои се свесни за својата улога во општеството и нивната партиципативност во донесувањето на одлуки се иднината на општеството.
Денот на младите е само симболика, ден да ни ја подигне свесноста за нашата одговорност кон општеството и придонес за подобро утре, тоа го должиме на прадедовците на нашите дедовци, на нашите врсници кои се во сериозни предизвици пред општеството.
Волонтерски Центар Скопје, секојдневно работи на подобрување на положбата на младите во општеството преку обезбедување можности за постојано надоградување на своите капацитети и знаења преку неформално образовние, споделувајќи практики и знаења помеѓу младите од цел свет како и давање можност на младите да бидат проактивни и да учествуваат во процесот на донесувањето на одлуки.
Вафире Мухареми