Волонтерски Центар Скопје од 1-7 август 2018 го реализира интеркултрурниот Летен камп за адолесценти од 16- 18 години во Центарот Солферино во Струга. Летниот камп ИнКоИн- интеркултуна комуникација и интеракција е еден од активностите предвидени во проектот „Без расправање“ реализиран од ВЦС, а финансиски поддржан од Фондација отворено општество – Македонија.
Целта на Летниот камп е подобрување на интеркултурната комуникација помеѓу младите од различни региони и етнички заедници. Летниот камп ќе придонесе за зголемена свесност за културните разлики помеѓу младите од различни етнички заедници, прифаќање на културните разлики од страна на младите со различна етничка припадност, зголемена интеркултурна интеракција помеѓу младите од различни етнички заедници.
Со оглед на динамиката на животот и целосната општествена поставеност во нашата земја, младите се помалку ги распознаваат можностите и предностите од интеркултурната комуникација, обезбедувањето можност различни карактери да бидат на исто место 5 дена овозможува младите да ги увидат различностите и идентичните предизвици кои ги имаат во општеството.
Следните денови ќе бидат сведоци на нова кохезија на младите во мултиетничка средина, ние ќе продолжиме и понатака да ги охрабруваме, поддржуваме и споделуваме нивниот напредок со пошироката јавност.
„Во државата “Без расправње“ во едно мало градче ИнКоИн под крилјата на белите лебеди на струшкото езеро на територијата на Македонија, 20 деца се собраа да создадат своја заедница во која ќе живееат во мир, хармонија, ќе се надоградуваат и ќе си подадат рака еден на друг прегрнувајќи ги различностите и прифаќајки ги како благодет на Универзумот што може да ги уживаат. “
Вафире Мухареми