Волонтерски центар Скопје и АСПЕКТ денес ја реализираа преземената иницијатива за реновирање на детското спортско катче при ПОУ „Д-р Златан Сремец“.
При реализација на проектот „Европската недела на спортот“ увидено беше дека училиштето ПОУ „Д-р Златан Сремец“ нема соодветни услови за спортски и рекреативни активности на младите. Овој предизвик беше зародиш на идејата на ВЦС и АСПЕКТ да преземаат иницијатива преку волонтерски акции и донации да помогнат во реновирање на спортското детско катче во училиштето.
Поддржани од Црвен Крст, Општина Кисела Вода и Агенцијата за млади и спорт денес се спроведе акција за чистење на дворот и предвидениот простор за спортско катче.
Во акцијата активно учество зедоа околу 100 луѓе, домашни и странски волонтери кои своето време и труд го вложија доброволно во создавање на додадена вредност во локалната заедница.
Реализацијата на детското катче не завршува тука. Во следниот период ќе започне реконструкција на спортското катче и негово целосно опремување по сите стандарди.
Вафире Мухареми