Во јуни 2012 година Волонтерски Центар Скопје со поддршка на Програмата Млади во Акција спроведе активност за градење партнерство – “PBA: Подобра соработка: Подобра Европа” која им овозможи на учесниците кои дпјдоа од цела Европа можност за изградба на нови партнерства и да развијат идеи за идни проекти. Ние сме повеќе од среќни дека една од идеите родени во текот на овој проект беше реализиран токму овој месец во Ерменија од страна на Ерменската Прогресивна Младинска НВО. Тоа беше тренинг курс насловен “Невработеноста на младите: Работа на работа” и повеќе информации за овој проект ќе можете да најдете на следниот линк.