Младинската размена “Кажи ДА за рурален развој” чиј домаќин беше Волонтерски Центар Скопје во планинското село Брајчино во близина на Преспанското Езеро заврши на 13 јуни 2012 година. За време на проектот млади луѓе од Србија, Македонија, Словенија и Полска имаа можност да научат повеќе за еко-туризам во земји учеснички, дискутираа за различни еколошки проблеми, како да се придонесе за локален развој со изградба на викендичка за туристите, правење туристички знаци или акција за чистење.
Проектот имаше, исто така, и медиумска покриеност, па ве покануваме да ги проследите информациите на наведените линкови (тука и тука) и да откриете нешто повеќе за оваа младинска размена која се надеваме ќе стане нова традиција во Волонтерски Центар Скопје. “Овој проект е финансиран со поддршка од Европската комисија. Оваа комуникација ги одразува ставовите само на авторот и Комисијата не може да се смета за одговорна за било каква употреба што може да се направи на информациите содржани во нив. “