Младинската размена со наслов “Gamestorming” беше имплементирана од страна на Волонтерски Центар Скопје, во рамките на програма Млади Во Акција, во есента 2012-та година. Главната цел на проектот беше развивање на креативни, тимски и лидерски вештини кај учесниците од 8 земји (Албанија, Азербејџан, Молдавија, Полска, Естонија, Латвија, Бугарија и Македонија), преку активности кои се базираа на размена и развој на нови игри. Сите имплементирани активности во текот н апроектот беа документирани во буклет, кој можете да го најдете на следниот линк:. За подобра визуелизација на проектот, исто така погледнете ја официјалната страна на проектот и видео клипот, кој беше составен со сликите направени за време на младинската размена. …………
“This project has been funded with support from the European Commission. This publication [communication] reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.”