Поздрав! Јас сум Јуна. Имам 24 години и доаѓам од најдобриот регион во Франција – Бретања, поточно од Рен. Ќе останам во Македонија три месеци за да уживам во свежиот летен воздух (ова е шега). Минатиот септември завршив магистерски студии по географија и животна средина и долго време барав можност да живеам во странство. Така го пронајдов Волонтерски Центар Скопје! Барав волонтерски проект на Балканот, а Македонија се наметна самата (најдобрата земја во светот како што велат овде).
Да се биде волонтер во странство се чини дека е одличен начин да се открие една земја, но и да се открие повеќе за себе. Живеењето со Македонци, работењето со нив, но и со други странски волонтери е главната причина зошто решив да аплицирам.
Тука сум за време на Европскиот младински олимписки фестивал (EYOF), бидејќи ќе бидат потребни сите ресурси околу организацијата на настанот. Целиот ентузијазам од Олимписките игри во Париз минатата година ме охрабри да се пријавам за претстојниот настан во Скопје. Обожавам спорт, вежбам, но и го гледам, па затоа мислам дека организирањето спортски настани е следниот чекор за мене.
За мене би рекла дека сум навистина љубопитна. Обожавам да учам нови работи! Обожувам да бидам надвор со моите пријатели, а ако има храна – уште подобро. Затоа едвај чекам да одам во кафеана!
Јуна Леоте-Гије
Организација-испраќач: Solidarités Jeunesses