You are currently viewing Добредојде Јигит од Турција!

Добредојде Јигит од Турција!

Здраво, јас се викам Ахмет Јигит Бирџан. Доаѓам од Турција и живеам во Анкара. Имам 20 години. Студирам политички науки и меѓународни односи на Универзитетот TOBB. Овој семестар е време за стажирање, па затоа мислев дека би било одлично да истражувам различни земји/градови. Одлучив да дојдам во Македонија преку програмата Европски Солидарен Корпус. Всушност, ова е прв пат да бидам во странство, па верувам дека ќе ми помогне во созревањето.

Сакам да зборувам и да истражувам за спорт, историја, култури и јазици. Мислам дека луѓето од различно потекло се одлични соговорници. Исто така, може да биде многу импресивно да се видат историските споменици и локалитети во различни делови на градот. Во исто време, постои возбуда од споделување на секојдневието со луѓе од други култури. Може да наидам и на различни совети за чистење, готвење или забава. Секако дека и тимската работа е дел од оваа авантура.

Не сум решил целосно што сакам да правам во иднина, но се надевам дека ова искуство ќе ми даде некои идеи. Можеби луѓето околу мене можат да ми помогнат.

Ахмет Јигит Бирџан

Јигит ќе волонтира во ВЦС во следните 2 месеци преку краткорочен ЕСК проект.

Организација-испраќач: EU Activities Center (Турција)