You are currently viewing Добредојде Сома, нашиот нов волонтер од Финска!

Добредојде Сома, нашиот нов волонтер од Финска!

Здраво!

Моето име е Сома и доажам од Финска. Наредните три недели ќе ги поминам во ова прекрасна држава. Нема да останам тука долго, па затоа би сакала да искусам што е можно повеќе. Истот ака многу сум љубопитна да ја истражувам природата и да запознавам нови луѓе од различни средини. Животот е полн со избори и авантури, па затоа сум возбудена и едвај чекам да видам што има да ми понуди средината овде. Мислам дека волонтирањето е најдобриот начин да се помогне на луѓето. Претходно сум волонтирала во мојата родна земја, но до сега не сум имала искуство со волонтирање надвор од Финска.

За себе, студирав индустрија за туризам на Универзитетот за применети науки во Финска и минатата година бев на размена на студенти во Австрија, тоа беше прекрасно искуство! Пред оваа размена, поминав 8 месеци во Италија. Имав работно искуство во полето на Еразмус – проекти, учев јазик, запознавав неверојатни луѓе и работев во туристичката индустрија. Во Финска продолжив да работам во хотели покрај студиите и оваа пролет организирав настани на Трговските саеми во Тампере – „Tampere Fair Trade”. Овој месец ќе дипломирам и ќе почнам да работам како организатор на проекти за Tampere Fair Trade и ќе правам сопствени проекти како работник со полно работно време. Но, прво ќе ја уживам оваа прекрасна можност тука во Скопје.

Во слободното време сакам да правам различни активности, на пример пешачење, кајакарење и пливање. Сакам да патувам и да запознаам нови култури и јазици. Исто така, сакам да запознавам нови луѓе и да споделувам приказни за животот. Сакам да одам на различни настани, на пример фестивали. Јас сум навистина среќна што го имам ова искуство тука.

Музиката и луѓето ме инспирираат и обично додека патувам сакам да живеам како локалните жители. Овој проект ме инспирира, бидејќи имам можност да им помагам на луѓето и да направам нешто многу корисно. Мојот проект ќе биде претежно во Дневниот центар во Шутка, и многу сум нетрпелива да ги запознаам луѓето и децата таму. Ги сакам децата и се мислам дека секој треба да има исти права и можности во животот. Среќна сум ако можам да видам насмевки кај децата и да правам работи што ги прават среќни.

Сома Хартикаинен