You are currently viewing Добредојде за Нели од Германија!
Nelli, Germany

Добредојде за Нели од Германија!

Здраво! Јас сум Нели, 18-годишна девојка од Турингија, зеленото срце на Германија.

Откако конечно го завршив средното училиште оваа пролет, знаев дека е време да пробам нешто ново пред да го изберам мојот животен пат. Исто така, бидејќи различните култури и земји отсекогаш ме интересирале, помислив дека волонтирањето една година би било одлична можност навистина да запознаам една нова земја.

Освен новата земја, ова ми е прв пат да живеам во заеднички стан со други. Значи, ова е мој прв долгорочен престој во странство и чувствувам различни емоции.

Сепак, без разлика каде одам, мојата љубов кон музиката ќе биде покрај мене. Бидејќи музиката отсекогаш играла голема улога во мојот живот, од свирење флејта, виолина или пеење во хор. Затоа, со нетрпение очекувам да ја запознаам, како и македонската музика бидејќи музиката е јазикот на срцето.

Освен тоа, сакам да пробувам спортови, иако не успевам баш во нив, па ќе видиме што ќе пробам за време на мојот престој во Скопје. Мислам, кој се обидува да се искачува со страв од висина?

Нели Винцер

Организација-испраќач: NaturKultur e.V.